Утре започнува кошаркарската Прва лига

08.10.2010 22:46 | KumanovoNews

Со натпреварот Овче Поле - Куманово, нашите кошаркари ја започнуваат новата сезона во најквалитетното кошаркарско првенство.

Утре започнува кошаркарската Прва лига

Несметајки ја епизодната улога на Поп - Спорт, Куманово е повторно дел од најквалитетното кошаркарско друштво. Одкако Јовановиќ, Ѓориќ, и Томашевиќ не успеаа да се договорат со клубот, како нови засилувања се доведени Ратко Петриќ (213цм, центар), Дејан Микиќ (203цм, крилен центар), Никола Радојичиќ (195цм, бек) и Дарко Матиќ (193цм, бек) сите од Белград. Покрај нив, остануваат Калов и Станимировиќ, а екипата ја комплетираат играчите кои минатата сезона го доведоа Куманово во Првата кошаркарска лига.

Прв натпревар на домашен терен, кумановчани ќе го играат следниот викенд, кога ќе го пречекуваат бранителот на титулата Фени Индустри.

Управата на клубот, очекува, Куманово да се пласира помеѓу првите 6 екипи, па остатокот од сезоната ќе го продолжи со натпреварување во Супер-лигата.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk