Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Еден од најдобрите моторциклисти на сите времиња Валентино Роси од наредната сезона ќе вози за Дукати. Конечна потврда се чека од извршниот директор на италијанскиот тим Габриеле Дел Торкио.
Роси(31) од 2007 година е член на Фиат Јамаха со која има 2 од вкупно 6 титули првак на светот во МотоГП конкуренција. Големиот број на шпекулации добиваат и конечна потврда од Дел Торкио.
Оваа сезона нема да донесе на Дукати ништо спектакуларно, но едвај чекам да во тимот следната година ги видам Роси и Ники Хејден. Мислам дека со нив ќе имаме победнички тандем и невиден потенцијал - изјави Дел Торкио.
Дукати следната сеозна ќе остане без моментално четврто-пласираниот Кејси Стонер кој се сели во Хонда, а Роси овие денови треба да го подврди трансферот во Дукати.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk