Вардар Про гостува кај Борац

02.03.2013 11:20 | KumanovoNews

Натпревари од СЕХА лигата ќе се играат и денеска, а шампионот во СЕХА лигата Вардар Про гостуваат кај тимот на Борац во Бања Лука.

Вардар Про гостува кај Борац

Почетокот на натпреварот е во 18 часот.  За „црвено-црните“ ова е важен натпревар и со победа ќе бидат чекор поблиску до „фајнл фор“ турнирот.Во истиот термин се играат и натпреварите Нексе – Загреб КО и Ловќен – Слога.  

Дуелите Металург – Мешков Брест и Татран Прешов – Извиѓач на програмата се на 6 март в среда.

Инаку, вчера Металург во натпревар од 18.коло го победи Извиѓач како гостин со 27:19.

Табела: Металург 33 бодови, Мешков Брест 31, Загреб КО 29, Вардар Про 27, Татран Прешов 23, Ловќен 23, Нексе 22, Извиѓач 9, Борац БЛ 7, Слога 3.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk