Вардар Про убедливо подобри од Црвена Звезда

01.02.2013 09:13 | KumanovoNews

Ракометарите на Вардар Про на убедлив начин го завршија гостувањето во Стара Пазова забележувајќи висока победа од 35-21 (19-12) против Црвена Звезда на вториот предвиден пријателски натпревар.

Вардар Про убедливо подобри од Црвена Звезда

Составот на Веселин Вујовиќ беше убедливо доминантен противник на средбата уште од првите моменти демонстрирајќи го својот квалитет. Најефикасен во победата беше Добривое Марковиќ со седум гола, додека Гоце Ојлески и Владо Неданоски запишаа по четири гола.

Од утре „вардарци“, во рамките на своите подготовки, ќе учествуваат на турнир во Белград организиран од РК Партизан на кој, покрај домаќинот Партизан, ќе учествуваат и Металопластика и Нексе.

На 2.февруари Вардар Про ќе игра против Металопластика.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk