Вардар прогласен за најдобар клуб во СЕХА лигата

11.07.2014 07:05 | KumanovoNews

Според анализата спроведена на официјалната веб страна на регионалното СЕХА натпреварување, македонскиот ракометен гигант екипата на Вардар е прогласена за најдобра во Сеха лигата во првите три сезони.

Вардар прогласен за најдобар клуб во СЕХА лигата

Ова признание е повеќе од очекувано бидејќи ракометарите се двократни освојувачи на регионална лига во тригодишното постоење на Сеха лигата.

Покрај екипата на Вардар една титула има освоено и екипата на Загреб, а на трето место се најде и македонскиот шампион екипата на Металург.

Првата титула Вардар ја освои во фајнал фор турнирот во Загреб, а хрватската екипа триумфираше на завршниот турнир одржан во Скопје.

Втората титула Вардар ја освои на фајнал фор турнирот во Нови Сад.

Овие три години откако постои лигата има седум редовни учесници а од следната година ќе бидат само шест откако екипата на Ловќен доби забрана поради неисполнување на условите.

Следната сезона Сеха лигата ќе добие поголем квалитет со оглед на тоа дека дел од натпреварувањето ќе биде и унгарскиот ракометен гигант Веспрем кој оваа година беше дел од Лигата на Шампионите.

Ранг Листа:

1.вардар

2.Загреб

3.Металург

4.Татран Прешов

5.Нексе

6.Ловќен

7.Борац

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk