Вардар против Хамбург во осминафиналето

21.03.2014 08:17 | KumanovoNews

Остана само уште еден ден пред почетокот на првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на Шампионите каде ракометарите на Вардар ќе бидат домаќин на дуелот против бундеслигашот Хамбург.

Вардар против Хамбург во осминафиналето

Смирена игра во нападот и максимална агресивност во одбраната, е рецептот со кој македонскиот ракометен шампион Вардар ќе му се спротивстави на европскиот првак Хамбург. Ваква стратегија подготвил тренерот на „црвено-црните“, Раул Гонзалес во пресрет утрешната  прва пресметка со Германците во спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје од осминафиналето во Лигата на шампионите со почеток од 18 часот.

Сметам дека по Барселона, Хамбург е моментно најдобриот ракометен тим во светот. Резултатите од групната фаза на ЛШ го покажаа тоа. Но, тоа не н` плаши. Можеби тие се подобри од нас во техничка смисла, но на тоа мораме да одговориме со поголема енергија на теренот. Само на тој начин ќе забележиме добар резултат, а под добар резултат сметам дека е било каква победа – изјави Филип Лазаров.

Салата во СЦ „Борис Трајковски“ е позната како „скопски пекол“. Меѓу 6 и 8.000 гледачи ќе не пречекаат на оваа средба од Лигата на шампионите, - стои во најавата за ова гостување на официјалната интернет страница на актуелниот европски шампион.

Реваншот помеѓу Вардар и Хамбург ќе се игра на 30 март. Покрај Вардар, и Металург игра во оваа фаза, а неговиот дуел во осминафиналето ќе биде против Kолдинг, в недела исто така во Скопје.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk