Вечерва се бира најдобриот фудбалер за минатата сезона

10.01.2011 16:00 | KumanovoNews

Вечерва во Цирих ќе биде прогласен најдобриот фудбалер за минатата сезона. Главни кандидати за оваа престижна награда се играчите на Барселона Лионел Меси, Чави и Андрес Иниеста.

Вечерва се бира најдобриот фудбалер за минатата сезона

Покрај оваа признание ќе биде прогласен и најдобриот тренер за минатата сезона, а во потесната конкуренција останаа Винсенте дел Боске селектор на Шпанија, Жозеп Гвардиола тренер на Барселона и Жозе Мурињо како тренер на Реал Мадрид.

Шпекулациите велат дека за најдобар играч ќе биде прогласен Чави, бидејки ова му е последна шанса за таква награда која и ја заслужува покрај богатата кариера. Иниеста до сега беше главен фаворит поради тоа што им го донесе трофеот на „фуријата“ во финалето против Холандија.

Сепак во оваа друштво според многу критичари Весли Снајдер кој изминатата сезона ги освои сите клубски првенства на кои настапуваше, а и играше финале со својата земја на Светскиот мундијал.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk