„Вечното дерби„ ќе се игра пред публика

21.10.2010 14:02 | KumanovoNews

 Фудбалерите на Црвена Звезда и Партизан ќе го одиграат вечното дерби пред публика, било одлучено на состанокот на клубовите и полицијата. Натпреварот е закажан во сабота во 13 часот, а директно ќе се пренесува на првата програма на РТС.

„Вечното дерби„ ќе се игра пред публика

 Поради актуелната состојба било одлучено во продажба да се пуштат 20.000 влезници помалку од полниот капацитет на стадионот на Црвена Звезда. Првите луѓе на клубовите прво побарале натпреварот помеѓу вечните ривали да се одигра без публика за да не се „случи нова Џенова„. Но во меѓувреме одлуката се сменила на задоволство на вистинските љубители на двата тима. Картите за мечот веќе се пуштени во продажба.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk