„Вело-М“ доминантни на Државното друмско првенство

29.06.2015 14:12 | KumanovoNews

Велосипедскиот клуб “Вело-М“ од Куманово ја покажа својата доминација на Државното друмско првенство, кое вчера се одржа во нашиот град.

„Вело-М“ доминантни на Државното друмско првенство

Велосипедистите возеа на релација Куманово­-Кратово­-Жгури и обратно. Првенството беше под покровителство на градоначалникот и Совет на општина Куманово, а во организација на “Вело-М“, Велосипедска федерација на Македонија и Општински сојуз на спортови Куманово.

На трката учествуваа најдобри велосипедски клубови и велосипедисти од нашата држава. Старт и цел на трката беше пред рекреативниот спортски центар Кеј Куманово. Трката почна во 10 часот, а заврши со пристигнувањето на целта на велосипедистите во 14 часот. Трката ја отвори претседателот на Општинскиот сојуз на спортови Куманово, Сашо Петрушевски со давање на сигнален знак со знаме за отпочнување на трката - велат од Општинскиот сојуз на спортови.

Во конкуренција на сениори­елит прво место зема Стефан Петровски од “Вело-М“, второ место Никола Ѓукиќ ­ и трето место Предраг Димевски ­, сите од истиот клуб. Во конкуренција јуниори прво место освои Денис Колевски ­ од “Вело-М“, а второ место Драган Цветковски од МВК Велес и трето место Кристијан Николовски од МВК Велес.

­Во конкуренција на кадети победник е Кристијан Ванчевски од МВК Велес.

­Во конкуренција на мастерс победник е Зоран Ристовски ­ од “Вело-М“, а во женска конкуренција победничка е Анета Антовска од “Енерџи“ Скопје.

Спортскиот директор на „Вело-М“, Марјан Петровски објаснува дека победниците во категоријата сениори­елит се стекнуваат со бодови за Светската ранг листа ­ Еуроп Тур. Истакна да за таа цел дури од Јужноафиканската Република дојде нашиот велосипедист Предраг Димовски кој постигна забележителен резултат.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk