Вело - М ја зацврсти шампионската позиција

01.11.2012 11:10 | KumanovoNews

На кружната трка која се оддржа во центарот на Охрид, а со која завршува оваа сезона , клубот „Вело - М“ стана шампион на Македонија.

Вело - М ја зацврсти шампионската позиција

На трката учествуваа сите велосипедски клубови од земјава.

Стефан Петровски ја покажа доминацијата на клубот и со соло возење прв стигна на целта пред другите. Тој е првак во друмско возење и учесник на светско првенство во Холандија. Никола Ѓукиќ победи во јуниорска конкуренција. Тој е државен првак во друмско возење и хронометар. Зоран Ристовски , најдобриот велосипедист во Македонија освои трето место, а има историски успех од шесто место на Европско првенство. Денис Колевски од кадетите исто е на трета позиција - рече Марјан Петровски, спортски директор на “Вело - М“.

Велосипедистите засега одмараат, а од декември ќе се подготвуваат за новата сезона 2013 година.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk