“Вело-М“ најдобри на државен натпревар во Кичево

28.04.2015 08:50 | KumanovoNews

Велосипедистите од велосипедскиот клуб “Вело-М“, беа најдобри на државниот натпревар што викендов се одржа во Кичево.

“Вело-М“ најдобри на државен натпревар во Кичево

Никола Ѓукиќ и Стефан Петровски, ги освоија првите две места, а како трет заврши Ивица Давидовски. Денис Колевски беше најуспешен јуниор, а во категоријата мастерс првото место го освои велосипедистот Зоран Ристовски.

“Трката беше кружна така што еден круг е 2 км, а се возеа 40 круга за 2 часа и 5 минути со просечна брзина од 39.2 км на час. Голема благодарност до општина Куманово што обезбеди превоз за 15 велосипедисти“ - велат од “Вело-М“.

Во меѓувреме клубот бележи и други успеси. На трка во Швајцарија во категорија хронометар Андреј Петровски има второ, а Вели Садики освоено шесто место.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk