“Вело - М“ најдобри на вело крос по повод 11 Ноември

10.11.2013 17:52 | KumanovoNews

Кумановскиот велосипедски клуб “Вело - М“ на денешниот вело крос организиран во чест на 11 Ноември постигна најмногу бодови.

“Вело - М“ најдобри на вело крос по повод 11 Ноември

Во елит категорија која се воведува од годинава победи Стефан Петровски од “Вело - М“, втор беше Левент Рифат од скопскиот клуб “Тенда“, а трет Никола Ѓукиќ од “Вело - М“.

Трката се оддржа на Спомен Костурница и се состоеше од 10 круга со должина од по 2,5 км за што се возеше еден час. За нас ова е голем успех бидејќи учествуваа 10 клуба од Македонија и имаше околу 30 велосипедисти.  Ова практично е отварање на велосипедска сезона вело крос 2013 / 2014 година - рече Стефан Петровски.

Од јуниорите победи Кристијан  Николов, член на велосипедски клуб “МВК“ Велес.

Од кадетите победи Денис Колевски, велосипедист од “Вело - М“.

На победниците наградите им ги врачија претставници од Општински сојуз на спортови.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk