“Вело - М“ освои четврто место на Косово

17.08.2012 10:15 | KumanovoNews

 На меѓународниот натпревар на Косово, кумановскиот клуб “Вело - М“  екипно се пласираше на четврто место. На натпреварот учествуваа екипи од Албанија, Косово, Македонија, Холандија и Германија.

“Вело - М“ освои четврто место на Косово

Рутата беше низ цело Косово. Првата стаза беше со должина од 150 км, втората стаза беше 88 км, третата 90 км и четвртата стаза имаше 115 км. Во последната четврта стаза Стефан Петровски беше победник - велат од “Вело - М“.

На 8 септември кумановските велосипедисти ќе се натпреваруваат на шампионатот на Македонија во Прилеп.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk