“Вело - М“ се подготвува за трка во Охрид

18.10.2012 07:15 | KumanovoNews

 Велосипедистите од клубот “Вело - М“ се подготвуваат за трка во Охрид која ќе се оддржи кон крајот на месецов и со тоа ќе се заврши оваа велосипедска сезона.

“Вело - М“ се подготвува за трка во Охрид

Независно од резултатот од трката во Охрид, “Вело - М“ го држи првото место и важи за најдобар велосипедски клуб во земјава.

Ние секако сме први на шампионатот и со оваа трка само ќе ја зацврстиме својата позиција. Во Охрид трката ќе биде кружна низ централното градско подрачје. Ќе се натпреваруваме и екипно и поединечно. Ако наш велосипедист освои прво, второ, или трето место, неговите бодови се инкасираат на контото на клубот - вели Марјан Петровски, спортски директор на “Вело - М“.

Тој додава дека велосипедистите редовно тренираат, иако се покажаа како најдобри и ненадминливи. По завршување на трката во Охрид,тие ќе се подготвуваат за наредната  велосипедска сезона.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk