Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
На Велосипедската трка што завчера се одржа на релацијата Куманово-Кратово-Куманово, најуспешни беа велосипедистите на Вело-М.
Притоа беа постигнати овие резилтати: Во сениорска конкуренција првото место го освои Стефан Петровски од Вело-М Куманово,втор беше Зоран Ристовски исто така од Вело-М, а третото место му припадна на Стефан Серафимовски од Цикло спорт-Куманово.Во јуниорска конкуренција првото место го освои Јахи Ибиши од Енерџи-Скопје, втор беше Александар Атанасовски од Вело-М, а трет Иле Крстевски од Илинден-Прилеп.
И во Кадетска конкуренција, првото место го освои Ане Стоилов од Електрика-Кочани, втор беше Костадин Петров од МВК-велес, а третото место му припадна на Никоила Ѓукиќ од Вело-М Куманово.На најдобрите велосипедисти,наградите им ги врачи Марјан
Петровски,технички директор на трката.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk