Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Утре во Куманово ќе се одржи Велосипедската трка за шампионатот на Македонија. На трката ќе учествуваат 60 учесника од најдобрите велосипедски екипи во државата. Стартот ќе биде во 12 часот од Градскиот плоштад, а ќе се вози на релацијата до Кратово и назад, во должина од 100 км.
Организатор на трката е Општинскиот сојуз на спортови и Велосипедската федерација на Македонија, во реализација на велосипедските клубови од градот „Вело-М“ и „Цикло-спорт“ а под покровителство на градоначалникот и Советот на Општината.
Прогласување на победниците ќе биде во 14.30 часот, кај Спортската сала.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk