Велосипедисти од Вело-М ќе учествуваат на Европско првенство во Чешка

13.07.2018 07:46 | KumanovoNews

Тројца велосипедисти од Македонскиот национален тим ќе учествуваат на Европско првенство во Чешка.

Велосипедисти од Вело-М ќе учествуваат на Европско првенство во Чешка

Тимот го сочинуваат двајца кумановски велосипедисти Андреј Петровски и Никола Лефков од Вело-М, кaко и Кристијан Ванчевски. Техничка  и стручна подршка ќе им бидат селекторот Марјан Петровски и секретарот на Македонска федерација Сашко Ванчевски.

Утре ќе се вози првата трка односно хронометар , додека во недела ќе се одржи друмската трка со вкупна должина од 150 км.

Учество на оваа Европско првенство земаа вкупно 42 земји со над 700 велосипедисти.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk