Велосипедистите на трка во Мариово

27.08.2012 08:34 | KumanovoNews

На 8 Септември велосипедисти од “Вело - М“ ќе ја возат рутата Прилеп - Битола - Прилеп - Мариово во должина од 120 км. Членовите на овој клуб интензивно тренираат за натпреварот и се надеваат на високи резултати.

Велосипедистите на трка во Мариово

Практикуваме во раните утрински часови да возиме на релација Куманово - Кратово и Свети Николе. Засега сме први во Македонија на ранг листата на Велосипедската федерација. Во Прилеп одиме на победа во сите категории, и да ја зацврстиме својата позиција. Бодовите на кандидатите одат на контото на клубот - рече Марјан Петровски, спортски директор на “Вело - М“.

Петровски додава дека на 11 Октомври клубот ќе организира трка со што ќе затварат велосипедска сезона. Кумановските велосипедисти ќе возат и за освојување на трофејот во Ниш.


Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk