Велосипедистот Зоран Ристовски победи во Мариово

10.09.2012 14:00 | KumanovoNews

 На трката “Мариово 2012“ која се оддржа на 8 септември на патеката Прилеп - Битола - Витолишта, Зоран Ристовски од клубот “Вело -М“  го освои трофејот во сениорска категорија.

Велосипедистот Зоран Ристовски победи во Мариово

Третото место му припадна на Ивица Давидовски, а во јуниорска категорија победи Никола Ѓукиќ. Кај кадетите, Денис Колевски го освои третото место. Велосипедистите на Вело-М уште еднаш ја покажаа одличната подготвеност и доминацијата во велосипедизмот во Македонија.

Овогодишниот Трофеј Мариово беше одлично организиран од страна на ВК Илинден, Општина Прилеп и ВФМ.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk