Велосипедска празнична трка

11.10.2011 16:03 | KumanovoNews

Денеска се одржа традиционалната велосипедска трка во градот, по повод празникот 11 Октомври.  Трката се возеше по булеварите „Октомвриска револуција“ и „Трета МУБ“, а учествуваа педесетина велосипедисти од десетина клубови од државата.

Велосипедска празнична трка

Трката се одржува 70 пат, колку и востанието во Македонија. Велосипедизмот е спорт кој се негува, почитува и практикува во Куманово, па имаме и врвни резултати. Затоа Куманово го подржува овој спорт и оваа традиционална трка во чест на празникот.Нека се помине спортски и нека победи најдобриот - изјави градоначалникот Зоран Дамјановски, кој ја прогласи трката за отворена.

Трката е во организација на Сојузот на општински спортови Куманово, велосипедскиот  клуб „Вело М“, а под покровителство на градоначалникот и советот на општина Куманово.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk