Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во чест на празникот на народното востание во Куманово се одржа традиционалната октомвриска велосипедска трка. Манифестацијата ја организара Сојузот на Општински спортови и велосипедските клубови Вело-М и Цикло-спорт од Куманово, под покровителство на градоначалникот и Советот на Општината.
10 велосипедски екипи од цела Македонија се натпреваруваа во три категории-јуниори,сениори и кадети за освојување на Трофејот-11 Октомври.Патеката е иста како и минатите години. Се возеше на релацијата булевар „Октомвриска револуција„ и „Трета МУБ„.Трката е во програмата на Федерацијата на спортови и ќе се бодува за националниот шампионат-рече Маријан Петровски,еден од организаторите на трката.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk