Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Тренерот на Арсенал Арсен Венгер тврди дека никогаш не би можел да води клуб како Манчестер Сити, клуб кој до успех пробува да исклучиво со пари.
„Граѓаните“ потрошија околу 1,4 милијарди фунти во последните три години како би стигнале до успех.
Венгер тврди дека добил понуда од Сити пред Марк Хјуз, но тој ја одбил бидејки не сака да работи во такви услови.
Кога дојдов во Англија, вакви ситуации немаше. Секој тим функционираше по своите приходи. Челзи и Манчестер Сити поставија нови проблеми во фудбалот. Го водам Арсенал онакака како што мислам дека е исправно. Често се доведува во прашање мојот начин на работа, но ние располагаме со наши пари, не со туѓи - тврди Венгер.
Францускиот стручњак се осврна на доаѓањето на Един Џеко на Истлендс, во трансфер вреден 27 милиони фунти.
Сити е полн со играчи кои чинат преку 20 милиони, а не седат ни на клупата. За нив 27 милиони се ситница, за нас не се. Џеко е одличен играч, и кога игра на највисоко ниво ме потетува на Бербатов - изјави Венгер.
Арсенал и Манчестер Сити ќе играат вечерва од 21 часот на стадионот Емирати во Премиер лигата
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk