„Видовдaнски турнир“ организира Обединетата српска заедница Куманово

18.06.2018 09:14 | KumanovoNews

Обединетата српска заедница Куманово и оваа година ќе го организира Видовденскиот турнир во мал фудбал.

„Видовдaнски турнир“ организира Обединетата српска заедница Куманово

Турнирот ќе се одржи од 21 до 26 јуни на терените на спортскиот центар „Кеј“, со почеток во 19 часот.

„По повод големиот празник Видовден и оваа година го организираме Турнирот во мал фудбал -“Видовдан 2018“. Ќе учествуваат 8 екипи, а за најдобрите се предвидени пехари и признанија. Ги повикуваме сите заинтересирани екипи да пријават учество“, - изјави Часлав Јовановиќ, претседател на Обединетата српска заедница во Куманово.

 Во рамки на одбележување на Видовден на 28 јуни ќе се одржи помен на паднатите косовски јунаци во црквата „Св. Троица“ и концерт на Културно-уметнико друштво „Копаоник“ од Лепосавиќ во салата на МКЦ „Козјак“ Куманово.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk