Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Играчот од средниот ред на Арсенал, Џек Вилшер според многумина беше најдобриот играч на теренот во победата над Барселона со резултат 2:1. Суперталентираниот тинејџер откри дека влегол на натпреварот без посебни подготовки.
Вилшер покажа голема зрелост и позитивна фудбалска дрскост на свои 19 години.
Ги гледав играчите на Барселона на Мундијалот оваа лето и навистина беа најдобри, така да не ми беше проблем да ги запознаам. Мечот за мене беше како и секој друг и немав проблем да се навикнам на тоа кој е покрај мене. Го подигнавме нивото на игра во второто полувреме, повеќе комбиниравме и игравме на наш начин - изјави Вилшер.
Младиот фудбалер е оптимист пред гостувањето на Камп Ноу.
Имаме основ да се надеваме на четвртфинале. Минатата година беше 2:2, а сега имаме позитивен резултат. Доколку постигнеме гол, ќе бидеме во голема предност - заврши Вилшер.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk