Во “Христијан Карпош“ општински натпревар во одбојка

19.12.2014 10:01 | KumanovoNews
Во спортската сала на основното училиште “Христијан Карпош“, денеска се одржува општински натпревар во одбојка во машка конкуренција, организиран од Општинскиот сојуз на училишен спорт Куманово.
Во “Христијан Карпош“ општински натпревар во одбојка

Се натпреваруваат осум екипи од основните училишта од градот, а попладне ќе се знаат победниците. Најдобрите ќе учествуваат на зонско натпреварување во Пробиштип, по што ќе има регионален и државен натпревар.

“Моментално има голем интерес за одбојка. Сите училишта се натпреваруваат во одбојка и масовноста е голема. Дел од училиштата не се организирани, а треба идната година да се натпреваруваат. Јас сум поборник за развој на овој спорт. Училиштето во кое јас работам “Вук Караџиќ“ е мегу првите каде се негува како спорт одбојката“- изјави Ивица Ѓорѓиевски, претседател на Општински сојуз на училишен спорт.

Вчера во одбојка се натпреваруваа екипи во женска конкуренција при што победија ученичките од “Крсте Мисирков“, втори се “Христијан Карпош“,  а третото место го делат училиштата „11 Октомври“ и „Браќа Миладиновци“.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk