ВТА, Чарлстон: Вилијамс лесно ја мина Џорџи

03.04.2013 08:32 | KumanovoNews

Серена Вилијамс турнирот во Чарлстон го започна со победа. Во натпревар од второто коло без проблеми со резултат 2:0 по сетови 6:2 и 6:3 ја совлада Италијанката Камила Џорџи и го продолжи натпреварувањето.

ВТА, Чарлстон: Вилијамс лесно ја мина Џорџи

Не беше мојот најдобар натпревар. Стоев добро на теренот, обидувајќи се да бидам стабилна, но дефинитивно на моменти се чувствував несигурна. Имав само два дена да се навикнам на теренот, откако до сега играв на тврди подлоги. Сепак победив и се надевам дека во следните средби ќе сум уште подобра- рече светската број 1.

Во следното коло Вилијамс ќе игра против победничката од дуелот помеѓу Сабине Лисицки и Малори Бурдет.

ВТА турнир, Чарлстон, резултати:

Медисон Кијс-Александра Каданту 7:6 (3), 6:4

Јелена Јанковиќ-Мелани Оудин 6:4, 5:7, 6:4

Марина Ераковиќ-Даниела Хантукова 7:6 (2), 6:4

Џулија Гергес-Јулија Путинцева 6:2, 6:3

Ваниа Кинг-Јарослава Шведова 4:6, 6:1, 6:4

Стефенс-Матек-Сандс 2:6, 0:6

Кирстеа-Медина (пред. Медина)

Лепченко-Јохансон 6:1, 4:6, 6:1

Бартел-Пегула 6:7, 1:6

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk