Втора хуманитарна акција на „Бал фор Лаиф“

18.12.2014 15:45 | KumanovoNews

Кошаркарската академија Бал фор Лаиф организираа нова хуманитарна акција со наслов „CARE FOR LIFE“ во која беше собрана детска гардероба која денеска беше предадена во интернатот во с.Драгоманце.

Втора хуманитарна акција на „Бал фор Лаиф“

Иницијатори за акцијата беа првиот женски тим кои практично и го сработија првиот дел за кој одговорни беа нашите кошаркарки, Јована Трајановиќ и Милена Ластевска. Среќен сум и горд што сум им тренер - изјави Дарко Петковски, координатор во Спорт фор лаиф.

Изминатиот период, кошаркарската екипа при спортската академија Спорт фор лаиф, успеја да собере доволно облека која беше подарена.

Ова е втора акција и со сигурност ќе стане традиција. Целта ни е да ја подигнеме хуманата свест кај младите спортисти - додаде Никола Петковски, тренер во клубот.

Денеска тренерите Дарко Петковски, Никола Јовановски и Никола Петковски ја реализираа последната фаза од акцијата, при што ја предадоа собраната облека во интернатот „Христијан Карпош“, во с. Драгоманце

Сакаме да бидеме активни и надвор од спортските терени. Се надевам дека и останатите клубови ќе го следат нашиот пример - заклучи Никола Јовановски, тренер во екипата.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk