Втора победа на Кожув оваа сезона против Куманово

06.03.2016 11:01 | KumanovoNews

Екипата на Кожув успеја да го победи тимот на Куманово и ја прекина победничката серија од девет победи по ред.

Втора победа на Кожув оваа сезона против Куманово

Кожув имаше предност речиси на целиот натпревар, и покажа дека го има скалпот на Куманово. Кумановчани неколкупати имаа водство во втората четвртина меѓутоа тоа не беше поголемо од 3 поени. Кожув до крајот на вториот период успеја да ја врати предноста во нивна корист и да замине на полувреме со 7 поени предност.

После паузата од полувреме, Кожув направи и двоцифрена разлика која Куманово не успеја да ја неутрализира. Гевгеличани го контролираа натпреварот и забележаа победа со резултат 79-69.

Рајан Вајт постигна 22 поена со одлични пореценти од игра(71% за 2 поени, 66% за три поени и 100% од линијата за слободни фрлања). За Куманово Александар Костовски постигна 24 поени и 5 скока.

Со овој пораз Куманово се враќа чекор назад во борбата за втората позиција. Следниот натпревар Куманово го игра против МЗТ Скопје на гостински терен.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk