За сигурен пласман Босна мора да падне

29.08.2010 16:20 | KumanovoNews

Mакедонските кошаркарски репрезентативци очекуваат победа во Сарево пред клучниот натпревар за пласман за Европското првенство што догодина ќе се одржи во Литванија. Натпреварот се игра вечерва во 20.45 часот.

За сигурен пласман Босна мора да падне

Ако Босанците се квалификуваат како третопласирани, што им отвора можност за настап во бараж, тогаш Македонија е сигурно второпласирана. Со евентуален триумф, и пораз на Британија од Украина на гости, нашата репрезентација може да биде и прва во групата и да не зависи од никого. Пласманот на ЕП теоретски можеме да го загубиме само со катастрофален пораз и висока победа на директните конкуренти за второто место во останатите групи.

Натпреварот БиХ - Македонија ќе го пренесува А1 телевизија.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk