Започнува и одбојкарското првенство

26.10.2012 12:13 | KumanovoNews

И покрај финансиските проблеми кои ги имаат повеќето одбојкарски клубови, викендов започнува Државно првенство во одбојка во двете конкуренции. Екипата на Куманово ќе гостува кај Вардар.

Започнува и одбојкарското првенство

Натпреварот ќе се одигра во недела во СРЦ Кале и ќе биде со почеток од 17 часот. Фаворитската улога на овој меч ја има екипата на Вардар која се засили со 7 играчи од кои неколку репрезентативци. За екипата и раководството, оваа ќе биде тест и показател на нивото на кое е екипата во моментот, со обид од овој меч да се извлечат што повеќе позитивности.  

Првото коло од одбојкарското првенство стартува со скратена програма, поради неизмирени долгови на неколку клуба, па доколку останат непроменети работите би била потребна целосна реорганизација на првенството.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk