Започнува македонското кошаркарско првенство

12.10.2013 07:16 | KumanovoNews

Девет прволигашки екипи од денес го започнуваат натпреварувањето во 22-рата по ред натпреварувачка сезона.

Започнува македонското кошаркарско првенство

Вкупно девет екипи влегуваат во борба за пласман помеѓу првите пет на табелата, обезбедување место во Супер Лигата и во плеј-оф разигрувањата.

Кошаркарската сезона започнува во 18 часот во салата "Кале" каде екипата Вардар Апаве го пречекува шампионот Работнички.

Во 18.30 часот засилената екипа на Куманово гостува во Струмица.

Додека во 19 часот минатогодишниот финалист Гевгелија ќе ги пречека кошаркарите на Фени Индустри.

Освен денеска, натпреварите од  првото коло од оваа сезона продолжуваат и утре каде кошаркарите на Лирија и Пелистер ќе ги измерат силите, за остварување на нови поени на табелата.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk