Започнува третиот круг натпревари за Бал фор Лајф

31.03.2017 13:38 | KumanovoNews

Кошаркарите на Бал фор Лајф утре ќе го започнат третиот круг на натпревари, а прв противник на кумановската екипа е Дино Баскет од Кочани.

Започнува третиот круг натпревари за Бал фор Лајф

Дино Баскет ги загуби двата досегашни дуели со Бал фор Лајф.  Во првиот натпревар во Кочани, Бал фор Лајф победи со резултат 73-80, а во вториот дуел што се одигра пред неколку недели во Куманово, Бал фор Лајф беше убедлив со 90-55.

Утрешниот натпревар ќе се игра во Кочани и ќе започне во 18 часот.

Кумановскиот состав до крајот на првенството ќе одигра 2 натпревари на домашен терен против екипите на Овче Поле и Марфил Спорт, додека покрај утрешното гостување во Кочани, кумановчани ќе патуваат во Кичево и во Скопје каде што во последното коло ќе се сретнат со екипата на МЗТ Скопје.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk