Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Познати се победниците на годинешното поединечно првенство во шах за учениците во основните училиште во градот.
Во женска конкуренција првото место го освои Елена Крстевска осмо одделение од основното училиште „Браќа Миладиновци„, второ место Андријана Ѓорѓевска шесто одделение од основното училиште „Крсте Мисирков„ и третото Андријана Георгиевска седмо одделение од училиштето „Вук Караџиќ„.
Во машка конкуренција прв е Милан Величковски, седмо одделение од „Магдалена Антова„, второто Коста Јаневски пето одделение од „Крсте Мисирков„, а трето Александар Јанчиќ од „Крсте Мисирков„. Истите ќе ги бранат боите на Куманово на државнто првенство, што ќе се оддржи во Скопје на 19 ноември оваа година.
На првопласираните во машка и женска конкуренција, посакувајќи им успех на престојното државно првенство, наградите им ги додели Слободан Ковачевски, претседател на ГШК “Куманово“, кој истакна дека ќе продолжи традицијата и нередните години ќе се организираат вакви првенства на основците од Куманово.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk