Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
На екипно првенство во шах на основните училишта, прво место го освои ОУ „Браќа Миладиновци“, втора беше екипата од ОУ „Магдалена Антова“ а третото место го поделија учениците од ОУ„Кочо Рацин“ и „Битолски конгрес“ од с. Лопате.
На првенството учествуваа 11 училишта со по четири екипи. Организатор на Првенството беше градскиот шаховски клуб „Куманово“ .
Шаховскиот клуб „Куманово“ во својата програма посебен акцент дава на имплементирањето на шахот во училиштата и организирање на турнири помеѓу најмладите во општината. Го организиравме екипно првенство, а идната година ќе создадеме услови, со отварањето на шаховска школа од септември под раководство на фиде мајстор, Зоран Илиќ, за одржување на поединечно првенство меѓу основците- рече претседателот Слободан Ковачевски.
Во многу држави шахот како спорт е имплементиран во училиштата, а некаде се постои и како факултативна настава. Во Куманово беа познати шаховските турнири во Пионерскиот дом.
Годинешново, прво училишно натпреварување беше под покровителство на градоначалникот, кој ја поздрави иницијативата на шаховскиот клуб.
Оваа година клубот има обимна програма и шахот почнува да го завзема местото во кумановскиот спорт, кое и по досега постигнатите резултати, го заслужува. Кумановскиот шаховски клуб без ниту еден играч од странство секогаш е член на првата македонска лига-рече градоначалникот Зоран Дамјановски.
Дамјановски во неговиот кабинет ќе ги подели пехарите и признанијата на трите првопласирани екипи.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk