Заврши зимската пауза за ракометот во Куманово

10.01.2020 19:45 | KumanovoNews

 Кумановските ракометари и ракометарки започнуваат со подготовките за натпреварите кои следуваат во рамките на Супер лигата, откако го искористија одморот по завршените напревари во есенскиот дел од Шампионатот.

Заврши зимската пауза за ракометот во Куманово

Ракометарките на Куманово оваа сезона се покажаа во најдобро светло, со што останаа први на табелата без ниту еден изгубен натпревар, а во текот на заминувањето во Зајечар, кое треба да се случи на 18 јануари во рамките на Сеха лигата, продолжуваат со тренинзите под водство на нивнииот тренер Симовски.

Додека пак, ракометарите на Куманово по лошо одиграна полусезона останаа надвор од списокот за плеј-оф и она што им преостанува е да ги изиграат останатите натпревари и како што најавуваат се очекува во новата сезона 2020-2021 да има промени и во екипата на клубот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk