Завршува Првата кошаркарска лига

18.03.2015 12:04 | KumanovoNews

Екипата на Куманово 2009 во четврток го игра првиот натпревар од последното коло во рамките на Првата кошаркарска лига во Македонија.

Завршува Првата кошаркарска лига

Противник на Куманово ќе биде актуелниот шампион, тимот на МЗТ Скопје Аеродром. Куманово ќе се обиде да забележи нова победа која би му озбезбедила повисока позиција во пласманот во Супер-лига.

Тоа ќе биде тешка задача за Куманово, имајки во предвид дека во 2015 година МЗТ Скопје нема пораз во домашното првенство. Лошите резултати на МЗТ се врзуваат за АБА лигата, а тимот со Пипан забележа победа против Цибона во последното коло, што може да биде показател за подигање на формата на тимот од Аеродром.

Овој натпревар се игра утре во 18 часот во салата Јане Сандански во Скопје.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk