Ждрепката за Светското во Бразил закажана за 6. декември

20.03.2013 09:44 | KumanovoNews

Извлекувањето на групите за Светското првенство што следната година ќе се одржи во Бразил ќе се одржи на 6.декември во летувалиштето Кошта до Саујпе. Ждрепката ќе почне во 13 часот по локално време.

Ждрепката за Светското во Бразил закажана за 6. декември

Во тек се уште квалификациите во сите зони на ФИФА, но Светската фудбалска федерација веќе ја закажа ждрепката.

Како што е познато 32.репрезентации ќе бидат поделени во осум групи по четири селекции, а двете првопласирани ќе играат во осминафиналето.

Светското првенство ќе се одржи од 12.јуни до 13.јули 2014 година, а ќе се игра во 12 градови.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk