Злато и сребро за кумановските боксери во Зрењанин

03.01.2019 19:17 | KumanovoNews

Кумановските боксери Шерат Мамутовски (14) и Мухамед Асан (13), освоиа златен и сребрен медал во училишна конкуренција, на Меѓународниот боксерски турнир во Зрењанин, Србија, што се одржа минатата недела.

Злато и сребро за кумановските боксери во Зрењанин

 Шерат Мамутовски беше прогласен за најдобар млад боксер на турнирот, откако во полуфиналето и финалето ги совлада српските боксери со резултати 5:0. Мамутовски се натпреваруваше во категоријата до 38 килограми, а Мухамед до 54 килограми. Морам да кажам дека е задоволство да се работи со вакви млади луѓе и пред нив е блескава кариерата, бидејќи Куманово има традиција а нашите боксери освоиле олимписки, европски, балкански и државни медали,  - изјави Самет Салиевски, тренер.

 Младиот Мамутовски тренира бокс повеќе од една година, и вели дека е многу задоволен од учеството на меѓународен турнир, а посебно е среќен што освоил прво место и златен медал.

Сакам да бидам гордост на Куманово, како што беа моите сограѓани и да бидам следниот олимписки шампион. Мене многу ми се допаѓа боксот како спорт, а мои идоли се Самет Салиевски, Реџеп Реџеповски, Мухамед Али, - вели Мамутовски.  

Двајцата млади кумановски боксери на Меѓународниот турнир во Зрењанин настапиле како дел од репрезентацијата на Македонија.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk