Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кошаркарската репрезентација на Србија во среда 17 часот, ќе игра против актуелниот првак на светот Шпанија, во четвртфиналната фаза на Мундобаскетот. Тоа ќе биде и реприза на финалето на ЕП минатата година.
Од ден на ден се повеќе кошаркарски стратези прогнозираат победа на Србија.
Во утрешниот кафе муабет na селекторот на Русија Дејвит Блат, со Џеф Тејлор кој е координатор на мрежата дописници на ФИБА, траеше опуштено, се додека не беше поставено прашањето што мисли, кој ќе биде победник на натпреварот Србија - Шпанија.
Србија - краток бил Блат.
Тејлор бил изненаден од отсечниот одговор на Блат и побарал објаснување.
Едноставно е. Србија има млади и талентирани играчи, кои ги води одличен стратег, Ивковиќ. Шпанија...шпанците не се она што некогаш беа. Кога По Гасол не е тука, тогаш Шпанија е само обична екипа. Затоа мислам дека Србија може до полуфинале иако се натпреварува против првакот на светот - уверен е Блат.
Стратегот на Аргентина Серџо Ернадес е поумерен во прогнозите, сметајки на искуството на „фуријата“.
Србија ми се допаѓа, има многу млади играчи додека Шпанија е поискусна. Но добро знам дека шпанците не сакаат да играат портив Србија. Тие како и сите други знаат дека вашата школа е една од најдобрите на светот - изјавил Ернадез
За Шпанија посебно мислење нема ни Богдан Тањевиќ, селекторот на Турција.
Во тој меч со Србија не би ставил ни 5 евра на Шпанија, бидејки воопшто не сум сигурен во таа селекција. Повеќе видов од Србија. Шпанија нема интензитет, форма, доминантност како 2009. Тоа не е мој инстикт, него знаење после толку кошаркарски сезони - изјави Тањевиќ.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk