ЖРК Куманово ќе игра против Стружанка во второто коло од домашната лига

20.09.2019 13:09 | KumanovoNews

Во Спортската сала на СОУ „Перо Наков“, утре (сабота) во 18:30 часот, ракометарките на Куманово ќе го играат второто коло од домашната лига, против ЖРК Стружанка.

ЖРК Куманово ќе игра против Стружанка во второто коло од домашната лига

Доколку, нашите ракометарки успеат да го победат тимот на ЖРК Стружанка, тогаш на 05.10.2019 ќе играат против  екипата на ЖРК Кузман Вардар Илинден.

Стружанка, е силен противник, кој на почетокот на оваа сезона, својот прв натпревар на домашното првенство го одигра против ЖРК Ѓорче Петров, со резултат 38:19.

Во првиот натпревар ЖРК Куманово, против ЖРК Деспина, успеа да постигне резултат 31:22.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk