ЖРК Куманово денеска го игра првиот натпревар против Макаби

10.10.2022 11:54 | Стефан Николиќ

Ракометарктие на Куманово денеска го играат првиот од двата меча во Европскиот ЕХФ Куп, а противник е тимот на Макаби Аразим Рамат-ган.

ЖРК Куманово денеска го игра првиот натпревар против Макаби

Израелскиот состав е сочинет од интернационалки од Русија, Србија Украина, Белорузија и Литванија, дополнет со млади израелски ракометарки, кои минатата сезона испаднаа во осмина-финале од шпанскиот Елче.

ЖРК Куманово оваа сезона има млад состав, а оваа сезона во домашното првенство забележаа 3 победи и 2 пораза. 

Првиот натпревар се игра денеска, а реваншот е утре со почеток во 18:00. 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk