ЖРК Куманово е апсолутен шампион во женскиот ракомет

22.05.2021 20:53 | KumanovoNews

Ракометарките на Куманово потврдија дека се најдобрата екипа во домашното првенство за оваа сезона, и за само седум дена по освојување на Купот, го освоија и домашната лига.

ЖРК Куманово е апсолутен шампион во женскиот ракомет

И овој пат како и минатата недела, кумановчанки за противник го имаа тимот на Вардар. Вардарки на овој натпревар покажаа подобра игра и на полувреме имаа само два гола негатива(16-14), а по паузата за полувреме намалија и на еден гол разлика. Меѓутоа Куманово потврди дека оваа сезона ќе ја заврши без ниту еден пораз, ја врати контролата над натпреварот и ја освои првата титула, и првата двојна круна во Македонското првенство. Конечен резултат на мечот беше 30-21.

Јована Кипријановска постигна шест погодоци и беше најефикасна во тимот на Куманово, а со пет гола натпреварот го завршија Мила Трајковиќ, Ана Шарановиќ и  Амела Џакмиќ.

Досега ваков успех имаат постигнато Кометал Ѓорче Петров, Вардар и Металург.

(Ст.Н.)

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk