ЖРК Куманово единствен тим од Македонија во женската СЕХА лига

03.09.2019 10:50 | KumanovoNews

ЖРК Куманово, во следната натпреваруивачка сезона ќе игра во регионалната СЕХА лига, со што ќе биде единствениот претставник од нашата држава.

ЖРК Куманово единствен тим од Македонија во женската СЕХА лига

Тимот ќе се натпреварува со ракометарки од Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Словенија.

ЖРК Кумааново се најде во втората група, а ќе игра против Рудар од Црна Гора, Зајечар од Србија и Груде од БиЏ.

Натпреварите ќе се играат турнирски, односно секоја екипа ќе биде домаќин на по еден турнир, а зависно од постигнатите резултати ќе следуваат четвртфиналните натпревари.

Домаќините на турнирите ќе бидат екипите од втората група, а победниците ќе обезбедат учество во Ф4.

Претходно, дел од СЕХА лигата беше само Вардар, но поради финансиски потешкотии како и промени во составот на тимот, Вардар минатата година не учествуваше во регионалните натпреварувања.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk