ЖРК Куманово го одбрани трофејот во Купот

15.05.2021 14:39 | KumanovoNews

Ракометарките на Куманово имаа одличен настап во Купот на Македонија и во финалето го декласираа Вардар со резултат 26-18.

ЖРК Куманово го одбрани трофејот во Купот

Екипата на Куманово покажа сигурност и стабилност во играта и по почетното водство на Вардар успејаа да покажат дека се поквалитетна екипа на теренот, и на полувреме заминаа со предност од 12-9.

Во почетокот на вториот период Вардар се доближи на гол негатива, што го запали алармот во тимот на ЖРК и покажаа дека ќе успејат да го одбранат трофејот од Купот.

Најефикасни поединци во Куманово беа Ангела Јанкуловска со шест гола, Мила Трајковиќ запиша четири погодоци, а на голот одличен настап имаше и голманката Катарина Митровиќ со осум одбрани. Куманово го одбрани Купот, одкако беше последен шампион во оваа натпреварување уште 2019 година, а минатата година поради Корона кризата беше одкажано.

Куманово ја продолжува сезоната во која сеуште нема забележано пораз, и најави дека оваа година атакува на освојување на двојната круна.

Фото: МТВ3 принтсркин
Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk