ЖРК Куманово го пречекува Кичево во последното коло

24.05.2014 09:50 | KumanovoNews

Ракометарките на Куманово во недела во 16:30 ја пречекуваат екипата на Кичево.

ЖРК Куманово го пречекува Кичево во последното коло

Очекуваме со победа на овој натпревар да ја завршиме оваа успешна сезона за тимот на ЖРК Куманово - изјави Габриела Трајковска, спортски директор на ЖРК Куманово.

Ракометарките ќе ја завршат сезоната како второпласирани, и очекуваат пласман следната година во најквалитетното женско натпреварување.

Од следната сезона најверојатно ќе бидеме дел од најквалитетното женско ракометно првенство, но за тоа треба да се додефинираат пропозициите. Најавено е проширување на Супер-лигата, но сето тоа ќе биде познато следните неколку дена - додаде Трајковска.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk