ЖРК Куманово го пречекува Вардар Јуниор

16.10.2015 09:53 | KumanovoNews

Утре во Спортската сала во Куманово се игра дерби натпреварот во рамките од третото коло, помеѓу екипите на ЖРК Куманово и Вардар Јуниор.

ЖРК Куманово го пречекува Вардар Јуниор

Вистински тест и големо искуство ќе биде ова за младата екипа на ЖРК Куманово. Вардар Јуниор во својот состав има 7-8 репрезентативки и сигурно ќе дојде во Куманово по трите бода.

Кумановчанки имаат две победи во двата одиграни натпревари досега, меѓутоа утрешниот натпревар е вистински предизвик за оваа млада екипа која покажа дека ќе се бори за највисок пласман.

Натпреварот се игра во сабота, во 17 часот во Спортската сала во Куманово.

Пионерскиот состав на ЖРК Куманово во недела гостува во Штип каде што ќе игра против екипата на Кожувчанка.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk