ЖРК Куманово извојува победа во Кичево, младинките го пречекуваат Вардар

09.11.2014 12:31 | KumanovoNews

Ракометарките на Куманово забележаа уште една победа на гостински терен. Овој пат, совладана е екипата на Кичево со резултат 23:18.

ЖРК Куманово извојува победа во Кичево, младинките го пречекуваат Вардар

Формата на ракометарките оди во нагорна линија и од коло во коло тимот игра се подобро. Најефикасни на натпреварот беа Паневска со 8 гола, Пејовска со 6 и Марковиќ со 4 постигнати погодоци.

Пионерките на Куманово играат против екипата на Чаир на гостински терен, додека утре во 19 часот во салата на ОУ Христијан Тодоровски Карпош, младинската екипа на Куманово го пречекува Вардар.

Од тимот изјавија дека очекуваат победи на овие два меча, и успешно затворање на овој спортски викенд.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk