ЖРК Куманово поразени, младинките со победа

30.09.2012 13:34 | KumanovoNews

Ракометарките на Куманово вчера беа поразени од домаќинот Жито Прилеп со резултат 30-24.

ЖРК Куманово поразени, младинките со победа

Задоволни сме од играта, дадовме се од себе, но сепак среќата беше свртена кон домашната екипа-изјави капитенот Габријела Трајковска.

Првата половина од натпреварот заврши повторно во полза на домаќинот со резултат 12-7.

Додека, денеска младинската ракометна екипа на Куманово го изненади противникот ЖРК Металург од Скопје и оствари победа со резултат 21-17.

Во првото полувреме покажаа солидна игра и на пауза отидоа со нерешен резултат 8-8, но веќе во второто полувреме доминираа со прекрасна игра, силна одбрана и промислен напад и до крајот на натпреварот победата беше јасна.

Следниот натпревар ракометарките на Куманово го играат на домашен терен против екипата на ЖРК Металург.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk