ЖРК Куманово повторно издвојува победа против Кожувчанка

27.04.2013 16:01 | KumanovoNews

Ракометарките на Куманово денеска на домашен терен повторно докажаа дека се подобри од Кожувчанка и издвојуваа победа со резултат 26-25.

ЖРК Куманово повторно издвојува победа против Кожувчанка

Домаќините со овој натпревар докажаа дека се убедливо подобри од Кожувчанка и на полувреме заминаа со резултат 11-10.

Целата игра на нашите ракометарки беше во нивна полза и со ваква игра докажаа дека навистина го заслужуваат петото место на табелата.

Овој натпревар беше претпоследен за екипата на ЖРК Куманово. Последниот натпревар од оваа сезона ќе го одиграат против екипата на Кичево 10, на гостински терен.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk