ЖРК Куманово пред нов предизвик во Подгорица

13.02.2020 13:08 | KumanovoNews

Во рамките ВРХЛ лигата, ЖРК Куманово во сабота, ќе се најде пред нов предизвик на четвртиот турнир во Подгорица, Република Црна Гора.

ЖРК Куманово пред нов предизвик во Подгорица

Овој турнир ќе се одржи од 14.2 до 16.2.2020 година, каде ЖРК Куманово ќе настапи на вториот ден од турнирот против екипата на ГРУДЕ (БИХ) во 18:30 часот.

Потоа, на 16.2.2020 со почеток во 17:00 часот ЖРК Куманово ќе игра и со екипата на ОРК Рудар (ЦГ).

Во моментот, прва екипа на табелата е Груде со 4 одиграни натпревари и 4 победи, додека пак втора по ред е екипата на ЖРК Куманово со 4 одиграни натпревари и 3 победи.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk